Карапетров: Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

0
32

Интегрален текст од видео обраќање на Ангел Карапетров, носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија во општина Тетово

Тетово е нашиот дом. Ова место беше предолго оставено на заборавот, водено од неспособни кадри кои се водат од лични интереси. Нечистотијата, загаден воздух, недостиг на паркинг места, дупки на улиците е децениското секојдневие во Тетово. И ова мора да се смени. Затоа вашиот глас е важен и вашиот глас се брои. Листата која ја предводам е гаранција дека вашиот глас ќе биде слушнат, одвнатре да ги менуваме работите и да ги штитиме вашите интереси. Тетовчани заслужуваат промени. Ви ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти кои се важни за Тетово. Работа, проекти и промени кои ќе создадат нова иднина каква Тетово заслужува. Само обединети и сложни ќе се избориме за повеќе.

Промените во земјата започнаа и тие ќе се заокружат во Тетово.

Гласајте за советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија. Заокружете го бројот 2 за вашиот глас за промени во Тетово.