КАРАПЕТРОВ – ТЕТОВЧАНИ СО ПОДРШКА ЗА СОВЕТНИЧКАТА ЛИСТА НА ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ГИ НАЈАВАТ ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ

0
34

Народот не може да ги прости предавствата на оваа ненародна власт, и казната веќе стигнува, порачаа кандидатите за советници за нов Совет на Општина Тетово од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

-Голема благодарност до тетовчани за срдечниот прием, од нив ја црпиме енергијата, тие се нашиот мотив. На 20 август ветуваме голем резултат, а потоа работа и реализирање на голем број проекти, посочи носителот на кандидатската листа на советници од ВМРО ДПМНЕ Ангел Карапетров.

Како што посочи Карапетров,тетовчани со поддршка на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ, практично ќе ги најават предвремените избори.