Ковачевски: „Е.Go“ е инвестиција од 130 милиони евра и 890 нови добро платени работни места

0
18

Во технолошко-индустриската развојна зона Тетово денеска е потпишан договорот за новата германска инвестиција „И-Гоу”.. Со тоа првпат во Македонија ќе се произведуваат електрични автомобили.

Со поставување на камен темелник означен почетокот на првата фабрика за електрични автомобили во Македонија. Германската e.GO компанија во зоната во Тетово ќе гради фабрика од која според најавите првиот автомобил на струја треба да го види денот во 2024тата година.

Ивестицијата тежи 130 милиони евра само во првата фаза и планирани се 900 нови вработувања, посочи преиерот Ковачевски во своетоо обраќање. Директорот на ТИРЗ ЈХован Деспотовски посочи дека земјава веќе не е на мапата на ефтина работна сила и платите во оваа фабрика ќе бидат над илјада евра.

Инвеститорите најавија дека планот е годишно да се произведуваат по 30 илјади автомобили на струја. Оваа инвестиција прва од ваков вид е резултат на добрите економски политики, посочи министерот за економија Крешник Бектеши.

Според надлежните кризите не ги спречиле инвестициите во земјава, а ланската година ја оценија како најуспешна во зоните со раст на бројот на вработени и извозот. Анализите им покажуваат дека годинава може да биде надминат рекордот на извозот од лани, кој само во јули изнесувал 200 милиони евра.

Инаку на настанот присуствуваше ццелиот владин врв и лидери на политички партии, но изоставени беа новинарските прашања.