КОСОВСКА ПОЛИЦИЈА – ВО ЧЕТИРИ ОДДЕЛНИ СЛУЧАИ Е ПУКАНО ВРЗ ПОЛИЦИСКИ ЕДИНИЦИ

0
31

По поставувањето на блокади во северниот дел на Косовска Митровица, во четири случаи од огнено оружје било пукано кон полициските единици, а во еден случај била слушната и детонација, соопшти денеска косовската полиција.

Во соопштението се наведува дека нема повредени ниту полицајци ниту граѓани.

„Досега се пријавени четири случаи на запрени и малтретирани Албанци кои патувале во тој реон, нанесување повреди и материјална штета врз возила, од страна на осомничени за кои постои сомневање дека се дел од организации за блокирање патишта“, се вели во соопштението.

Се додава дека и натаму затворени за сообраќај се премините Јариње и Брњак.