Македонија носи суверени одлуки – одговор на руската осуда за тенковите за Украина

0
26

Република Северна Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право,  се вели во заедничкото соопштение од Министерството за надворешни работи и Министертвото за одбрана, откако претходно руското МНР ја осуди  донацијата на македонските тенкови за Украина.

Министерствата  потсетуваат дека  Северна Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓународниот поредок заснован на правила.

“Досега, Владата на Република Северна Македонија донесе неколку одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција“, соопштија двете министерства.

Владата практично ги реализира овие одлуки за помош на Украина, а минатата недела беше потврдено дека се испратени тенкови како помош за Украина без да се наведе нивниот број. Тоа значи дека  во наредниот период ќе следува уште помош во воена техника за Украина, но овие одлуки се од доверлив карактер.