МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОД 18 000 Е КАКО ДА ЗЕМАТЕ 15 000, А ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЧКА 47 000 ДЕНАРИ

0
28

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација достигна 16 проценти, па од ССМ предупредуваат дека минималната плата од 18.000 денари сега има реална вредност од едвај 15.000, а просечната од 31.500, вреди колку 26.500 денари…

Минималната кошничка во јули надмина 47.000 денари, покажаа пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија. Оттаму посочуваат дека сега, ниту четирчлени семејства со две плати, една просечна и една минимална, не можат да ги покријат тришоците.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација достигна 16 проценти, па од ССМ предупредуваат дека минималната плата од 18.000 денари сега има реална вредност од едвај 15.000, а просечната од 31.500, вреди колку 26.500 денари.

Синдикатот бара итни усогласувања на платите за амортизирање на инфлаторниот удар.