На северот на Косово започна отстранувањето на барикадите

0
47

На северот на Косово започна отстранувањето на барикадите, јавува репортерот на Танјуг

Барикадата во градот Горње Јариње на патот до административниот премин Јариње е речиси отстранета, а другите барикади што во неделата вечерта ги поставија Србите во знак на протест против одлуката на Приштина за лични карти и пререгистрација на возилата,се отстрануваат.

Во Горњи Јариње прво беа отстранети камионите кои го блокираа патот, а требаше да се отстрани и чакалот кој беше истурен на патот. Се очекува целосно да се одблокира патот, како и повторно да профункционира административниот премин Јариње. Владата на Приштина синоќа соопшти дека ќе ја одложи примената на мерката за документи и таблички, до 1 септември, доколку се отстранат барикадите поставени на административните премини