НЕКОЛКУ ПОЧИНАТИ ПРИ ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ МАВРОВИ АНОВИ – ДЕБАР

0
25

Денеска во 16.50 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во месноста “Стрезимирски мост”, патничко возило “рено”, со германски национални ознаки, излетало од коловозот.

“На местото на несреќата, првично, починале 3 лица (две машки и едно женско), додека едно повредено женско лице е пренесено во гостиварската Општа болница “Ферид Мурад” за укажување на лекарска помош. Екипи на СВР Тетово се веќе на лице место и наскоро ќе започне увид што ќе го води Јавен обвинител и во кој ќе учествува и екипа од ОВР Гостивар”-соопштија од СВР Тетово.