ПАРТИЈА КОЈА ЌЕ ЈА ВОДИ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА НАЈАВИ УЧЕСТВО НА ИЗБОРИТЕ ВО ДАНСКА

0
52

Данска од неодамна има партија целосно управувана од вештачка интелигенција на својата политичка сцена, која има намера да учествува на следните општи избори во јуни 2023 година.

Основањето на партијата било иницирано на крајот на мај од данскиот уметнички колектив Computer Lars, нарекувајќи ја Синтетичка партија (Synthetic Party). Партијата целосно ја води вештачката интелигенција, но се уште нема доволно потписи за учество на изборите.

Нејзините творци велат дека партијата била замислена како еден вид одговор на апстиненцијата на Данците, кога е во прашање гласањето. На последните општи избори гласале едвај 15% од нив.

Со обединување на пишаните публикации од сите маргинални партии во земјата од 1970 година до денес, партијата нуди политичка програма што ја претставува „политичката визија на обичниот човек“, како што за АФП изјавил уметникот Аскер Брилд Стаунаес од колективот „Компјутер Ларс“.

Како што објаснил тој, целта на користењето вештачка интелигенција како јадро на оваа „антиполитичка“ партија е „да се искористи оптимално системот на гласање во Данска“.

Во исто време, Синтетичката партија претставува предизвик за стотиците други партии што постојат во Данска, од кои добар дел не се сериозни конвенционални партии. Во Данска има 230 микро-партии, тука вклучувајќи ја и Синтетичката партија. Ниту една од нив сè уште нема собрано 20 182 потписи, колку што се потребни за учество на општите избори во Данска.

Синтетичката партија досега собрала едвај четири, според официјалните податоци. Тешко да се предвиди дали оваа политичка формација, најновиот проект на уметничкиот колектив, ќе биде застапена во парламентот. Доколку освои доволно гласови на изборите, партијата има намера да назначи претставник одговорен за поврзување на вештачката интелигенција со политичките дискусии во парламентот.