ПОЧИНА ИЛИНКА МИТРЕВА

0
25

Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева, објави СДСМ.

„ Искрено сочувство до семејството на прерано починатата Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и министерка за надворешни работи. Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија“, напишаа од партијата на социјалните мрежи.