Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и цар Самоил ќе се честуваат заедно со Бугарија

0
22

Министерството за надворешни работи конечно ги објави препораките на заедничката комисија за историски прашања кои се усвоени на меѓувладина седница уште во 2019 година.

5 препораки за бугарските учебници за 5 одделение и 5 препораки за македонските учебнции за 6 одделение за материја од антиката, како и договореното заедничко чевствување на Кирил и Методиј, Наум и Климент Охридски како за Цар Самуил е резултат од досегашната работа на комисијата.

Вклучување на поширокиот регионален контекст, особено на териториите на запад од древна Тракија, ќе ги претстави посодржински историските процеси и ќе создаде побогата слика за културно-историското наследство во регионот.

Заради поголема терминолошка прецизност поими како „денешни бугарски земји“, или „територијата на современа Бугарија“, може да бидат посоодветни за употреба во контекст на античката историја, наместо само изразот „бугарски земји“.

Препораки за учебниците по историја за 5-ти клас во Република Бугарија

Поголема застапеност на проблематика поврзана со античка Тракија и Тракијците ќе придонесе за подобро запознавање на културно-историското наследство во регионот.

2. Сугестиите за континуитет меѓу античка Македонија и современата македонска држава содржат историски анахронизам.

Препораки за учебниците по историја за 6-то одделение во Република Северна Македонија.

Комисијата е суште заглавена на прашањето за Гоце Делчев и на формулацијата за средновековната Самоилова држава. Следна тематика за историчарите е 18 и 19 век каде претседателот на македонскиот дел на комисијата признава дека ќе има потешкотии со бугарските колеги. Во однос на роковите за решенија одредени со протоколот, Ѓоргиев вели дека не ги засегаат.

Според неофицијални информации од комисијата, нивните бугарски колеги инсистираат на митовите за бугарскиот карактер на регионот Македонија, за глорификација на средновековната бугарска држава, но покажуваат и изразена исламофобија и проблематизирање на македонскиот идентитет.