СОВЕТНИЧКАТА ЛИСТА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА – НА 20 АВГУСТ МАСОВНО ГЛАСАЈТЕ ЗА БРОЈ 1

0
22

Тетово на 20 август избира членови на новиот совет, тело кое има важна улога и големо влијание за функционирањето и иднината на општината и претставува силен коректив на работата на градоначалникот, посочија од советничката листа на СДСМ и коалицијата.

-Советничката листа на СДСМ и коалицијата, предводена од носителот Глигорије Стојановски е составена од докажани, угледни и чесни личности подготвени да работат за своите сограѓани, за Тетово да се развива, да ги користи сите свои потенцијали за да обезбеди еднакви и подобри услови за живот и работа на сите граѓани.Општина Тетово да го задржи правецот по кој се движи изминатиот период, кога се реализирани бројни проекти важни за граѓаните меѓу кои се издвојуваат нов затворен пливачки базен, реконструкција на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка од 18,2 км, изградба на нов објект за ОУ Наим Фрашери во Мала Речица, изградба на филтер станица на водоснабдителен систем во Тетово, изградба на дел од булевар Видое Смилевски Бато во Тетово, набавка на 5 автобуси за јавен транспорт, реконструкција на СОУ Кирил Пејчиновиќ, информираат од советничката листа на СДСМ и коалицијата.

Тетово денеска е град кој живее во духот на мултикултурализмот, град во коj се отвораат нови работни места, град кој дава еднакви шанси за секого, град каде ќе се произведуваат европски брендови.СДСМ е сплотен, обединет за нови успеси, за политики и мерки што носат придобивки за граѓаните.Се залагаме за европско Тетово. Затоа на 20 август масовно гласајте за бројот еден, за советничката листа на СДСМ и коалицијата, додадоа од советничката листа на СДСМ и коалицијата