Цените на лебот уриваат рекорди

0
18

Ржаниот леб на некои места се искачи до вртоглави 94 денари, а белиот на парчиња околу 60 денари. Дел од граѓаните велат дека трендот на раст на цените е неиздржлив, особено бидјеќи истото темпо не го следат платите и пензиите.

-Па кој како има повеќе цени, 50 и нешто, 60, 70.

– Сега ќе одам да купам, а слушнав дека се покачени, катастрофа.

– Да, над 50 денари, многу е не можеме да опстанеме.

– 50 денари дошол, што е ова срамота./ Покачена е оган е, 60 денари, колку е./ Многу е, многу е.

– Се е нормално да се поскапи кога имаш ти војна во светот од каде што доаѓа енергенсот, но точно е и дека платите се ниски, треба да се покачат платите.

Трошоците за храна и енергенси секојдневно растат и покрај мерките на Владата за ублажување на ценовниот шок. Нов анти кризен пакет според најавите ќе се носи следниот месец, но ќе биде наменет исклучиво за ранливите категории граѓани и фирми. И покрај таквите најави, сепак дополнителен страв на граѓаните им влева и најавата за тешката зима која се најавува поради економската и енергетската криза.

-Ќе се издржи? Тешко. /Ќе видиме, ако качат плати ќе издржиме, ако не…Која е вредноста сега на илјада денари? 1000? Едно кафе да седнеме да испиеме јас и ти и за сок да нема.

-Немој вака, некој што има пензии мали, некој што нема ич, да трпиме ли за леб? Кое време сме? Стига ли една плата? Две не стигаат, а не па една.

– Не знам, си пензија 10.000 тешко.

Бродовите со жито кои беа закотвени поради Руско-Укранскиот конфликт, со истанбулскиот договор им се овозможи и веќе почнаа да испловуваат кон светот. Сепак, се уште е нејасно дали оваа ситуација ќе помогне во намалување на цените на житото на глобално ниво.