БОБАН ГОГОВСКИ ГО ПРЕЗЕМА УПРАВУВАЊЕТО СО „ТЕТЕКС“ – синот го наследи таткото во познатиот тетовски комбинат

0
29

Синот на починатиот долгогодишен прв човек на „Тетекс“, Бобан Гоговски, го презема управувањето со познатиот тетовски комбинат, пишува Фактор.мк

Промената во раководните структури на тетовската компанија е објавено во Централниот регистар на државава.

Па така, Бобан Гоговски е назначен за Извршен член на Одборот на директори, како и за Генерален директор со неограничени овластувања во внатрешниот и надворешен промет на комбинатот.

Бобан Гоговски е дипломиран електротехнички инжинер, стои во објавата.

Додека, пак, од оваа позиција – Извршен член на Одборот на директори, како и од позицијата Генераклен директор на компанијата, е избришано името на Глигорие Гоговски, директор кој со децении управуваше со „Тетекс“ и беше своевидна икона на тетовскиот комбинат.

Околу новото раководство на Тетекс кликнете подолу на линкот на фактор.мк.

https://faktor.mk/boban-gogovski-go-prezema-upravuvanjeto-so-teteks—sinot-go-nasledi-tatkoto-vo-poznatiot-tetovski-kombinat