УСПЕШНА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА КОНЦЕРТИТЕ НА АЛАБАКОВСКИ И НЕКСТ ТАЈМ ВО ТЕТОВО, КАДЕ ИМАШЕ ГОЛЕМА ПОСЕТЕНОСТ

0
23

На двата концерти на Ламбе Алабаковски и Некст тајм во Тетово, кои беа организирани од иницијативата „Го сакам Тетово”, на отворено во Жена парк, имаше голема посетеност, а со тоа и хуманитарната акција на самите концерти каде граѓаните имаа можност да донираат средства за помош на социјално загрозени семејства заврши успешно.

-Покажавте како се сака татковината,како се пее македонска песна и како се негува македонската музика. Ви благодарам од срце за изминативе два дена.Ви благодарам на вашата хуманост,на вашата поддршка за иницијативата Го сакам Тетово. Да сте живи и здрави се и гледаме наредна година, порача Станислав Бојчески, дел од иницијативата „Го сакам Тетово“.

Иницијативата „Го сакам Тетово“ за денес 13 август сабота во Музејот на тетовски крај (Куќа на Јовановци) на Два бреста организирана проекција на филмот „Златна петорка“