СТОЈЧЕСКИ – УСПЕАВМЕ ДОМОТ НА АРМ ДА ГО ПРЕНАМЕНИЕ ВО КУЛТУРНО КАТЧЕ, СОВЕТНИЦИТЕ ОД СДСМ ЌЕ РАБОТААТ НА ПОТИКНУВАЊЕ И РЕАЛИЗАЦИЈА НА КУЛТУРНИ ТВОРЕШТВА

0
13

Кога е во прашање историското минато на градот – херој и културното наследство во Тетово и тетовско, – Националната установа „Музеј на тетовскиот крај“ со одлука на Владата предводена од СДСМ доби своја управна зграда, која е од суштинско значење за нас граѓаните и нашиот град Тетово, истакна Миќо Стојчески, кандидат за ссоветник на советничката листа на СДСМ и коалицијата

-После повеќе децении заедно успеавме поранешниот објект на АРМ да го пренамениме во катче на културните дејци, работници и вработените во Музејот на тетовскиот крај, оние кои ни ги чуваат спомените од храброто историско минато и оние кои ја создаваат културната иднина. Овој објект е составен од многу простории, кои ќе бидат преуредени и прилагодени за негување на делата од Народноослободителната борба, спомените од духот на антифашизмот, сè со цел да се чуваат историските вредности и континуирано да се развива културата во градот,истакна Стојчевски

Тука како што нагласи Стојчевски ќе се одвиваат и ќе се реализираат многу историски и културни настани, презентации, средби, симпозиуми, концерти, изложби, претстави и разни творби.

Како што нагласи, младите ќе имаат свое културно обележје, каде своите таленти ќе ги изразуваат, ќе творат и ќе ги прикажуваат, како пред тетовската, така и пред пошироката публика.

-Како дел од мнозинството во Советот на Општина Тетово, освен негувањето на историското и културното наследство, ќе се заложиме и за поттикнување на културното творештво, создавајќи услови за работа на сегашните и оставајќи траги за идните генерации во Тетово, а со самото тоа и за целата држава. Во реализација на сето тоа, ќе ни помогнете вие почитувани сограѓани, со заокружување на бројот 1, во сабота на 20-ти август, додаде Стојчевски .