Автомобил падна од мост во Вардар кај Желино- ЦУК претпоставува и дека имало луѓе внатре

Автомобил падна од мост во Вардар кај тетовско Желино. Од ЦУК претпоставуваат и дека имало луѓе внатре. Нуркачи ќе ја пребаруваат реката.

Според информациите од полицијата, Голф 4 со кумановски регистерски таблици кој се движел кон Тетово, паднал од мостот во надојдените води на речното корито Вардар.

Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време истото во природен јаз е пропаднато и визуелно не се гледало. Возилото е извадено од со градежни машини и при првичен преглед визуелно внатре не се гледаат луѓе, информираат од ЦУК.

Нуркачки екипи од специјалната единица на МВР ќе ја пребаруваат реката. И дирекцијата за заштита и спасување испратила екипи за спасување од поплави.