ОО на Сојузот на Борци – Сојуз На Борци Тетово најостро го осудува овој вандалски и нецивилизациски однос на поединци и групи кои го оштетиле споменикот на револуцијата, а кој ја симболизира антифашистичката борба на македонскиот народ и од другите националности кој несебично се жртвуваа за национана слобода, соопштија од Сојузот на Борци Тетово
Бараме сторителите да бидат откриени и кривично да одговараат за стореното, додадоа оттаму.
Осуда за вандализмот пристигна од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.
-СДСМ Тетово најостро го осудува скрнавењето и оштетувањето на споменикот на Народноослободителната борба.Бараме надлежните органи во најкраток рок да ги откријат сторителите и соодветно да се санкционираат.
Недозволиво е уништувањето на споменикот да остане несанкционирано, стои во реакцијата на ОО СДСМ Тетово.
Во реакцијата на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово се вели.
-ВМРО – ДПМНЕ го осудува вандализмот на несовесните граѓани и бара од МВР да вложи максимални напори за да ги пронајде и казни сторителите на овој гнасен и срамен чин! Воедно, апелираме до надлежните институции веднаш да ги санираат штетите, стои во реакцијата.
Ова не е прв пат вандали да го оштетат Споменикот на револуцијата во Тетово, но досега надлежните немаат преземено превентивни чекори за ваквите девијации, ниту пак имаат некои од сторителите пронајдено и соодветно казнето.