ВО ОПШТИНА ТЕТОВО КАСАМИ СО ХРВАТСКАТА АМБАСАДОРКА ЗБОРЕЛ ЗА ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА ХРВАТСКО – АЛБАНСКИ ОДНОСИ

0
26

Денеска во општина Тетово и посакав добредојде на амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, г-ѓа Нивес Тигањ, објави на својот Фејсбук профил градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами.

На средбата посочи градоначалникот разговаравме за многу важни теми, за актуелната политичка состојба како и за изборот на Советот на општината. Ја информирав амбасадороката и за работата што не очекува како општина.

-Соработката и координацијата со меѓународната заедница е важна и за градот и за државата на европскиот пат. Ја информирав амбасадорката и за притисокот што ДУИ го врши врз локалната власт, особено сега после поразот на изборите за совет. На средбата стана збор за можната опозициска соработка, како и за хрватско-албанските односи и за можноста за продлабочување на билатералната соработка,напиша Касами

Хрватска беше, е и ќе продолжи да биде наш главен пријателски партнер кон подобра иднина за двете земји, додаде градоначалникот.