ВУЧУЌ ВИДНО ПОДНАПИЕН ОД ШТАНД НА ШТАНД ПИЕ ВИНО, ВЕЛИ ИСПИВ 100 ЧАШИ И НИШТО НЕ МИ Е

0
33

Српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на првиот меѓународен саем за вино не ја криеше љубовта кон виното.

„Немојте повеќе, ми бројат луѓето, испив повеќе од сто чаши, ништо не ми е, тоа е друга работа, во сабота пак доаѓам“, се пофали претседателот на Србија.

Во еден момент на расположениот претседател му пријде советничката за медиуми Сузана Васиљевиќ и се обиде да му ја одземе чашата. Сепак, тој и ја зема чашата и продолжил да пие вино, пишува Нова.рс.

„Јас само да пробам“, рече Васиљевиќ, која се обиде да ја земе чашата на Вучиќ откако испи една голтка. Вучиќ ја прекина: „Не, не, не…“ и ѝ ја зема назад чашата со вино.