ДАНЕЛА АРСОВСКА ВО ГЕРИЛА АКЦИЈА НА ПРЕСОТ НА РАЗРЕШЕНИОТ ДИРЕКТОР ПЕРИНСКИ

0
32

Златко Перински, разрешениот директор на скопски Водовод денеска на својата прес-конференција го делеше пултот за изјави со градоначалничката Данела Арсовска која го разреши, но таа се појави да му контрира.

Причина за раздорот е проектот за пречистителна станица на Водовод со европски средства во вредност од околу 136 милиони евра.

Арсовска го обвинува Перински дека правел злоупотреби во проектот и дека ќе поднесе кривични пријави против него. Перински пак тврди дека проектот бил реализиран по насоките од европски ЕБОР и дека имал притисок за да менува луѓе во комисиите на проектот.

Поради интересот на новинарите за прашања, Арсовска и Перински се менуваа на пултот за изјави и ги коментираа ставовите на другиот.

Арсовска запрашана за коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, чија поддршка имаше на изборите на кои победи рече дека таа уште стои.

„Извештаите се одлични, но има проблеми со поединци“, тврди Арсовска.

https://www.facebook.com/watch/?v=377111251295977