ДАНЕЛА АРСОВСКА МУ ПОРАЧА НА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА,

0
27

Советниче кога лажете и кога мавтате со докуметни, ви се тресе рачето ви се мења гласот, смалете доживлјај. Кај е шпицниот градоначалник, не го гледам тука, кај се крие Мицкоски, иамме одговор на ова прашање. Немаме. Го нема нигде, се крие. Во ВМРО ДПМНЕ има многу чесни, храбри, вредни луѓше, Мицкоски не е еден од нив… – со овие зборови со обрати градоначалничката на град Скопје во одговороите на прашањата на советниците на денешната седница за советнички прашаања во Собранието на Град Скопје.

Во овој момент беше прекината од претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славески, кој посочи дека не треба да се споменуваат имиња на луѓе кои не се во Собранието.

– Мое е право е да спомнувам кого сакам. Како до вчера бев најдобриот градоначалник на Скопје, а откако ви го фатив директорчето со рачето во медот, одеднаш нечинам. На сите прашања ќе им дојде одговорот. Јас како што гледате не ми се тресат рацете и не ми трепери гласот. За сите овие прашања кои ги поставивте, за тој според тендер, има кој треба да си одговори, и одговори ќе си дојдат. Јас ќе си продолжам по патот на правдата како и досега, како што до вчера бев најдобар градоначалник. Ама Мицковски од тендер матрицата не може да излезе, како што ви е јасно зошто до вчера бев супер, а денес не чинам. Јас сум истата, и не ми извртувајте реченици. На шпицниот градоначалник ќе му кажам, да се бореше со власта, како со мене овие денови, ќе ја спасеше Македонија. Правете преседан додека ме напаѓаат…. – кажа Арсовска.

Повторно беше прекината од Славески, дури и микрофонот беше исклучен, но Данела продолжи со своите ставови, и посочи дека кога биле фатени директорите на Мицкоски со рацете во медот, станала најлоша градоначалничка.

– Не ми дозволувате да се искажам, да го завршам говорот. Ова не се случуваше до вчера, сега го правите. Ако сака да зборува за оставки, Мицковски треба да почне од себе – порача Арсовска и дополни дека Мицковски не треба да се заканува и да не се крие.

По ова Славески најави 15 минутна пауза.