Во општина Желино денеска се одржа состанок на Центарот за развој на Полошкиот плански регион, на кој градоначалниците разговараа за неколку теми
-Со претставници од амбасадата на Словенија во РСМ како и словенечки инвеститори ни беше претставен проектот кој би го решил проблемот со отпадот. Станува збор за проектот „Управување со инертен отпад во Полог“ инвестиција на словенечката компанија WTE (West To Energy), која е предвидена во слободната индустриска зона во Тетово. Другиот проблем кој ги засега нашите граѓани е проектот за кучињата скитници. Преку овој проект со меѓународни средства и со поддршка на општините од полошкиот регион ќе се гради еден центар за третман на кучињата во атарот на општина Врапчиште, соопшти градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами
Заедно со општините од полошкиот регион побаравме од Министерството за образование и култура поради енергетската криза зимскиот распуст за основните и средните училишта да биде 2 месеци, дополни Касами.