Левица го објави референдумското прашање

Реферндумското прашање на Левица ги подели партиите откако го официјализираа со формулацијата Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022.

Со оглед на фактот дека најголем дел од партиите се за продолжување на преговорите со ЕУ се наметнува прашањето дали Левица ќе остане сама во оваа иницијатива или според до сега изнесените ставови со поддршката на ВМРО-ДПМНЕ кои и вчера во анализа на ТВ 24 посочија дека најпрвин добро ќе ја разгледаат но најверојатно ќе ја поддржат.

Беса пак како партија од албанскиот опозициски блок велат специфична е формулацијата и дека тие како партија од секогаш имале определба за евроинтеграциите на земјата, но велат и тие ќе ја разгледале.

Од СДСМ и ДУИ со слични ставови дека ова е сосема спротивно на определбите кои земјата ја има и нејзината иднина и дека вакви референдумски прашања не и се од корист на државата и нејзините евроинтеграции.

Од Левица денеска само кратко посочија дека од понеделник стартуваат со собирање на оние првични 100 потписи за да може иницијативата да ја поднесат до ДИК и до Собрание. Ова пак укажува на фактот дека собртанискиот спикер Џафери ќе биде ставен пред уште еден референдумски испит за кој пак од левица тврдеа дека нема да му дадат лагодност така лесно да може да ја отфрли иницијативата како онаа на ВМРО ДПМНЕ но доколку се случи, се закануваат со уште по интензивна блокада на сите тела во законодавниот дом.