МОМЧЕТО МУ СЕ ЈАВИЛО НА ТАТКОТО ДЕСЕТИНА МИНУТИ ПРЕД ДА ИЗЛЕТА СО АВТОМОБИЛОТ ВО РЕКАТА ВАРДАР

0
46

Втор ден трае потрагата по 22 годишното момче од Куманово, кое вчера со својот автомобил падна во водите на реката Вардар во тетовско Желино. Истрагата по матните студени и длабоки води на Вардар, ќе продолжи се до Радуша. Вклучена е и нуркачка екипа.

Беше да го уплати последниот семестар од студиите на Тетовскиот Универзитет. Пред да трне од Тетово ми се јави дека завршил работа, тоа беа и последните зборови кои ги слушнав од него, низ тага ни раскажа таткото на 22 годишното момче од Куманово, кое вчера со возилото кое го управувал заврши во водите на Вардар, кај тетовско Желино.

Вчера кога му се јавил синот бил во Австрија, каде со години е не печалба. Денеска пристигна на местото покрај реката каде беше пронајдено возилото.

Ибраим Кадри кој по професија е сообраќаен инжинер, ни раскажа како се случила сообраќајката. Вели дека бил педесетина метри позади возилото кое го управувало момчето. Одеднаш голфот удрил во почетниот дел од мостот и најверојатно поради големата брзина, завршил директно во водите на реката.

Делови од автомобилот се уште сведочат за страшната сообраќајка

Возилото е пронајдено, но по момчето се уште се трага. Вклучена е Дирекцијата за заштита и спасување, противпожарната единица, нуркачи.

Потрагата трае два дена. Водата е матна брза и ладна што ја отежнува истата, која ќе се прошири долж течението на реката Вардар се до Радуша.