ОДЛОЖЕНО ПРВОТО РОЧИШТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА, ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР БЕСИМИ НЕ ЧУСТВУВА ВИНА

0
36

Најава – Се одложи првото судско рочиште за пожарот во модуларната болница во Тетово. Двајца од вкупно тројца обвинети не дојдоа, поради како што беше посочено работни обврски. Судскиот процес судијата Јордан Велковски го презакажа на 14 наредниот месец. Еден од обвинетите поранешниот директор на Клиничката болница Тетово Флорим Бесими, побара од медиумите до крај да го следат целиот процес, за како што посочи вистината да излезе на виделина.

Не чуствувам вина, тоа ќе го кажам во судот, посочи Флорим Бесими, поранешниот директор на Клиничката болница Тетово, откако денешното судско рочиште за пожарот во модуларната болница, се одложи за наредниот месец.
Од обвинетите за трагичниот настан, само Бесими беше присутен на рочиштето. Неговиот адвокат побара да имаат увид во доказниот материјал, а обвинетиот ги повика медиумите да го следат процесот до крај, за како што рече да се дознае вистината.

Бесими како и Артан Етеми кој беше раководно лице во болницата, се товарат за кривично дело, тешки дела против општата сигурност, а трето обвинетиот доктор Бобан Вучевски, за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Обвинение има и за правното лице Клиничка Болница Тетово за кривични дела, предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Инаку обвинителството во октомври минатата година го објави извештајот на ОКТИВ при МВР. Со вештачењето се утврди дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска.Следното судско рочиште е закажано за 14 наредниот месец