Јавното претпријатие Русино Полог кое менаџира со регионалната депонија Русино, каде полошките општини го депонираат сметот е во тешка финансиска состојба. Општините и јавните претпријатија кои го носат сметот во депонијата погодени од енергетската криза не ги подмируваат навремено обврските кон ова јавно претпријатие, кое пак се надева на помош од владата за да може нормално да функционира.
Општините и јавните претпријатија од Полог, должат околу 6 милиони денари на Русино Поло.
Директорот Бесим Догани, вели дека се доведува во прашање функционирањето на претпријатието и депонијата, ако продолжи да се доцни со исплатата, особено од Тетово и Гостивар кои се најголеми должници, а чии комунални претпријатија депонираат најголеми количини смет.
И со ненавремена исплата успеваме да задоволиме одредени еколошки критериуми, вели Догани. Но со вакво темпо, нема да издржиме долго.
Од Центарот за полошки плански регион, потврдија дека претпријатието и депонијата Русино се во незавидна ситуација, со оглед на зголемување на цените на тековните трошоци, но се надеваат на помош од Министерството за животна средина.
Во депонијата Русино во одредени денови особено во летниот период, се депонираат и до 1000 тони отпад ,количина која не може да ја менаџира претпријатието со само 12 вработени и мал буџет.Од владата најавија финансиска помош за реализација на проекти, за подобро менаџирање со отпадот во 5 региони во земјава, меѓу кои и полошкиот, кој со децении тоне во диви депонии.