ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА ВО ПОЛОШКО, ИСКЛУЧЕНИ ОД СОБРАЌАЈ , ОТКРИЕНИТЕ ПИЈАНИ ВОЗАЧИ

0
32

Полициски службеници на СВРТетово на 10/11 септември, од 22 до 04 часот, спровеле акциска контрола на возачи, дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол.

При контролата, откриени и законски санкционирани се 12 возачи-прекршители ((ТЕ-7 и ГВ-5), од кои кај 1 (ТЕ) утврдено е присуство на алкохол во крвта до 2 промили, додека 1(ТЕ) одбил да се алкотестира.

Сите прекршители исклучени се од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се законски предвидените поднесоци.Со адекватни поднесoци санкционирани се и 16 други видови прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-6).