Русија најави кои луѓе од какви професии ќе бидат поштедени од мобилизација.

Како што соопшти руското Министерство за одбрана на својот Телеграм канал, од војна ќе бидат поштедени вработените во ИТ секторот, луѓето кои работат вобанки и во финансискиот сектор, вработените во телекомуникациските фирми и новинарите, кои главно работат во прорежимски медиуми, кои ја промовираат војната во Украина.

Руското министерство забележува дека овие групи се ослободени од мобилизација со цел да се зачува функционирањето на индустријата и финансискиот систем.