САМКА ИБРАИМОСКИ: ДВА ПАТИ НЕ СТАНАВ ПРАТЕНИК САМО ЗАТОА ШТО НЕ СУМ ЖЕНА!

0
38

ДА БЕВ ЖЕНА ЌЕ БЕВ ПРАТЕНИК

Ако на пратеник кој е избран од листата на кандидати му престане мандатот, тогаш за остатокот од мандатот, пратеник на Собранието станува наредниот кандидат од листата.

Ова правило важи само ако пратеникот на кому му престанува манадатот е маж. Ако е жена, е тоа не важи. На местото претеник – жена, мора да влезе нова претеник – жена. Но тоа не е сè. Ако на жена -пратеник, по било основ превремено и заврши мандат, мандатот ќе го заврши жена, па макар таа била на последното место, односно на 20-то место од листата на кандидатите.

Сите ние, сите десетмина мажи од листата на кандидатите вредиме помалку од било која жена на таа иста листа.

Така е, драги мои, така пишува во членот 153-а од Изборниот законик. Оваа неправда мене ми се случи на двапати. На листата на кадидатите во Изборната единица 5 на последните парламентарни избори на 15. јули 2020 г. бев на ред, бр. 10. Кога Радмила Шеќеринска стана министерка за одбрана, на нејзино место влезе Зекира Белкиса. Кога Бисера Стројчева Костадиновска стана министерка за култура, на нејзино место влезе Марија Кочовска. Останав јас да чекам некој маж да стане министер, па јас да станам пратеник. Ама никако тоа да се случи.

Да отвориме расправа дали е ова во ред.

Во член 9, став (1) од Уставот на Република Северна Македонија пишува ,,Граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, …“ Во следниот став од истиот член пишуава: ,,Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.“

Принципот на еднаквост не смее да биде во судир со заштита на човековите права и основни слободи. Опсегот на тие права во остварувањето на родовата еднаквост мора да се базираат врз основа на принципот на пропорционалност, без да се доведување на спротивниот пол во подредена положба.

Секое ограничување на уживањето на правата и слободите мора да биде прецизно оредено со закон и да ја почитува суштината на тие права и слободи. Ограничувања може да се наметнат само доколку тие се неопходни и реално ги исполнуваат целите кои се во општ интерес или заради потребата од заштита на правата и слободите на другите.

Во овој случај помалку застапениот пол се мажите, кои можат да се повикаат на основот на забрана на злоупотреба на правата. Рамноправноста на половите не треба да остварув било какво право на ангажирање, активност или извршување на дело кое има за цел уништување на било кое од признатите права и слободи.

Во овој случај помалку застапениот пол се мажите, кои можат да се повикаат на основот на забрана на злоупотреба на правата. Рамноправноста на половите не треба да остварув било какво право на ангажирање, активност или извршување на дело кое има за цел уништување на било кое од признатите права и слободи.

Нападнатите законски решенија не се на линија на елиминирање на структурните причини за нерамномерната распределба на моќта помеѓу жените и мажите, туку значи надмоќ во политичкиот, јавниот и економскиот сектор на помалку застапениот пол.

Родова рамноправност – да, но не кога се претвора во родово насилство над мажите.

Треба да се создавават основи на вклучување на мажите во постигнување на родова еднаквост, а не таа рамноправност да искривува на нивна штета.

Се нанесува неправда на машкиот род. Ако продолжиме во иста насока тоа ќе значи и кога жените ќе остварам помал број на гласови од мажите да имаат резевирано место во Собранието на Република Северна Македонија.

Изразувајќи жалење за недоволната застапеност на жените во политичкиот и јавниот живот и континуираната родова дискриминација врз жените во сите сектори на општествениот и личниот живот;

,,Мојот маж “ на Румена Бужаровска излезе и на француски јазик. Честитки драга Руми за големето достигнување. Јас те охрабрувам да да ја напишеш ,,Мојата жена“, сигурен сум ќе стигнеш до Нобелова награда.

Тетово, 9.септември 2022 г.
Самка Ибраимоски