СЕКСУАЛНИ НАПАДИ И ВОЗНЕМИРУВАЊА НА ДЕВОЈЧИЊА ВО ПОЛОШКО, НО СЛУЧАИТЕ НИКОЈ НЕ ГИ ПРИЈАВУВА

0
34

Сексуалните напади и вознемирувања на малолетни деца во полошко се почеста појава, но ваквите случаи се помалку се пријавуваат, велат од невладините организации и Секторот за внатрешни работи Тетово. За спречување и превенирање на ваквите појави, мора јавно и гласно да се зборува, а секое вакво вознемирување макар и психолошко, веднаш да се пријави до надлежните институции, советуваат психолозите.

Со претходно додворување и разговор девојчиња од Тетово, стануваат мета на сексуално вознемирување и напади. Локацијата е најчесто во Жена паркот, каде минатиот викенд благодарение на едно лице, спречен е еден ваков немил настан, стои во една објава на социјалните мрежи.

Но овој случај не е пријавен во полиција, како и многу други.

Билјана Радическа, психолог во невладината организација Кортекс, вели дека токму молчењето и криењето на ваквите случаи, носат последици. Поголема агресија кај насилниците и психолошки последици кај жртвите.

И од СВР Тетово, потврдуваат дека не се пријавуваат случаи на сексуално вознемирување, иако полицијата препознава голем број на вакви немили настани.

Годинава нема пријавено ниту еден случај на сексуално вознемирвање. Од СВР Тетово, апелираат да не се кријат нападите, за да може навремено да се преземат брзи и ефиказни мерки за санкционирање на насилниците.