СО НАМАЛУВАЊЕ НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА И ФОРМИРАЊЕ НА ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ПОЛОШКИТЕ ОПШТИНИ ЌЕ ШТЕДАТ СТРУЈА

0
69

Формирање на јавно претпријатие за улично осветлување, намалуавње на работни часови на јавната администраицја се само дел од мерктие и предлозите на полошките општини за штедење на струјата во пресрет на грејната сезона. Најголемтие општини Тетово и Гостивар разочарани се што владата го одби предлогот на полошките општини зимскиот одмор да се продолжи за два месеци со цел училиштата да заштедат струја во зимските месеци.

На одредени делови од сообраќајниците во Тетово нема улично осветлување. Општинските власти велат дека не се работи за штедење, но немаат информации зошто повеќе од една недела делови од градот се во мрак. За да заштедиме струја работиме на формирање на Јавно претпријатие за улично осветлување, најави градоначалникот Биљал Касами

Централната власт очиледно не е подготвена за преземање на мерки за штедење, вели Касами .Оваа реакција следува откако владата го одби предлогот од полошките општини, да се продолжи зимскиот распуст за два месеци за да се заштеди струја, а учениците да учат онлајн, или пак да се продолжи наставата во летните месеци.

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, кој ја предложи оваа идеја, најави и други мерки и предлози за штедење, меѓу кои и намалување на работното време на дел од администрацијата

Полог е еден од регионите со најголема потрошувачка на струја.Секоја година поради преоптовареност на мрежата, половина или цело Тетово изминатава деценија има дневни или повеќе часовни прекини на снабдување со електрична енергија.