Стоилковски: Дезертерот Ковачевски вработува професионални војници преку партиските штаб

0
58

Каков дебакл за СДС, партија која што ја води дезертер, повикува граѓани да се вработат како професионални војници, преку партиски штабови, со пријава кај партиски функционери. Пред само еден час, на фејсбук страницата на СДС Арачиново е објавено известување до членовите на тој огранок, со повик сите кои што се јавиле на огласот за прием на војници во АРМ да се пријават кај претседателот на огранокот и раководството на истиот, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Реакцијата следува откако огранокот на СДСМ Арачиново на фејсбук страницата објави повик кандидатите за професионални војници да се пријават во партискиот огранок.

Стоилковски ја повика министерката за одбрана, Славјанка Петровска да си поднесе оставка.

-Дезертерот Ковачевски, калфата Миле Зечевиќ и Славјанка Петровска директно го загрозуваат НАТО, колективната безбедност и кредибилитетот на Алијансата. Ова е срам за Владата, срам за АРМ. Потребни се оставки веднаш, рече Стоилковски.