Тој споделува впечатоци за атмосферата во која заседавала комисијата минатата недела. Според него, телевизиите главно се занимавале попрво со предлогот, односно како што вели Димитров, барањето на ДПМНЕ за распишување на референдум на кој целосно ќе се отфрли Договорот за добрососедство со Бугарија
Како образложение, во изјавата тој се повикува на податоци од истражување на германската фондација „Конрад Аденауер“, според која, како што потенцира Димитров, најголем непријател на нивната земја (С Македонија н.з.) е Бугарија, односно дека на вакво мислење биле 44 отсто од граѓаните на земјава
Димитров вели дека С Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, и дека тоа треба да се направи веднаш. А учебниците, како што смета тој, може да се дополнат и без да се печатат нови
Прашањето со РСМ е важно, но повторно ништо не се случи. Нема подготвеност за каква било промена, тврди бугарскиот копретседавач на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, професорот Ангел Димитров, во изјава за новинската агенција „БГНЕС“.
Ијзавите на Димитров доаѓаат по минатонеделниот 20 по ред состанок на екпертската комисија за историски прашања, што се одржа во Скопје.
„Ова е важен сигнал за севкупните ставови, но пред се за атмосферата во која работи нашата Заедничка историска комисија на својот 20. последователен состанок. Нема подготвеност за каква било промена“,вели копретседавач на Комисијата од бугарска страна.проф. Ангел Димитров