Таткото на Македон: Добивме големо НИШТО од државата на ден кога Македон освои трет медал по математика

0
30

Таткото на Македон на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека и покрај сите ветувања од државата за помош на Македон тие добиле едно големо ништо. Тој прашува што треба едно дете со таков IQ и со такви успеси да добие помош од државата.

,Денеска покрај медалот по математика добивме и голем пораз од државата.

Имено пред неколку месеци кога Македон ги освои првите златни медали по математика бевме повикани во министерството за образование на прием кај министерот.

Таму бевме дочекани со сите почести со многу сликање, поклони, ранец и книги за Македон. И најважното, многу ветувања:
-прво дека ке се среќаваме еднаш месечно за да видиме како напредува Македон и на кој начин тоа да се артикулира
-беше ветено од страна на министерот дека ке стапи во контакт со сите големи амбасади за да и они помогнат во процесот на едукација на Македон
-дека ќе се формира комисија што ќе направи програма за надарени деца за да може во иднина да ги едуцира овие деца
-Ни беше каѓано дека има потенцијални спонзори кои сакаат да останат анонимни да финансираат неограничени средства во школувањето на Македон.

И уште многу други работи ……..

И сега после неколку месеци покрај многу повици од наша страна до истото тоа министерство конечно ни кажуваат дека сето тоа било една голем фарса и дека од сето тоа што го ветиле нема ништо.

Ни кажаа дека амбасадите не можеле да ги контактираат на соодветно ниво туку во неформални контакти биле незаинтересирани, дека спонзорите одеднаш станаа незаинтересирани а државата не може да инвестира во ваков тип на образование.

Со еден збор добивме едно големо НИШТО на денот кога Македон го доби третиот медал по математика замислите на светско ниво.

Што треба едно дете со таков или со такви успеси да направи за да добие подршка од дрзавата
За сега една големо “0”, стои во објавата таткото на Македон, Владимир Димитровски..

Инаку Македон Димитровски е македонско чудо од дете, ученик во О.О.У „Лирија“ Тетово во второ 1 има само 7 години но решава математички задачи од втора година од средно образование. Има освоено златен медал по математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет.

Тој е дружељубив и секогаш расположен за своите другарчиња и соученици. Меморијата на Македон е на завидно ниво, зборува течно англиски, а учи германски, грчки и кинески.