Добро не убедивте дека може да го уништите и тоа малку зеленило кое го има во градот. Ова е пораката која од Иницијативата Тетово сака парк ја упатија до општинските власти, откако на локацијата позната како стара пожарна беа исечени високостеблести дрвја. Зеленилото е уништено од градежна механизација на општината, која одлучи на ова место да изгради паркинг места.
https://www.youtube.com/watch?v=E-skV4N-OuY
Наместо да засадува Општина Тетово ги уништува последните зеленила во градот.Сече дрвја при реконструкција на тротоари, гради паркинзи уништувајќи раскошни дрвја и тревни површини.
Зеленилото не треба да се сече туку да се одржува, но и да се засадуваат нови тревни површини, реагираат граѓаните
Со остра реакција излегоа и од Иницијативата Тетово сака парк .
– Дали станарите Ви дале согласност за сечата?
– Дали и овие дрвја беа стари и болни?
– Која е целта со сечата?
– Уште колку дрвја останаа за сечење во градот?
– До кога аматери и кусогледи луѓе ќе ги кројат општинските политики?
– Кога ќе го исечете и последното старо дрво во градот и кога ќе ги бетонирате последните тревници, како тогаш ќе обезбедувате нови паркинг места?
– Дали дури тогаш ќе сфатите дека упропастување на тие малку зелени површини во градот за да се обезбеди некое паркинг место плус, не е, и не може да биде решение за сообраќајниот метеж?, велат од Иницијатива Тетово сака парк
Од Општина Тетово велат дека паркинг просторот на локацијата, се прави по барање на дел од станарите. Ќе се постават 100 паркинг места, рампа улично осветлување, а ќе се изврши и санација на уличката. Инаку проектот според кој се работи, а кој го приложија општинските власти нема предвидени засадување на нови дрвја.