ТЕТОВО ПОВТОРНО СО НЕДОСТИГ ОД ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

0
29

Поради сериозно загадување на водоводната мрежа Лешница, во моментов Филтер станицата не е во функција. Наши екипи се веќе на терен за да го санираат проблемот. Поради ова, количината на вода во овој момент е 260 л/с, што не е доволно за нормално водоснабдување,информираа од ЈКП Тетово

Бараме разбирање од нашите граѓани се до надминување на проблемот, додадоа оттаму.

Инаку за нормално водоснабдување на градот, издашноста на сите извори од кои Тетово се снабдува со вода за пиење, треба да биде над 300 литри вода во секунда.