ТОА ШТО НЕКОИ НЕШТАТА ГИ СМЕТА ЗА ГОЛЕМИ НАЦИОНАЛНИ ПРЕДАВСТВА ОВИЕ 30 ГОДИНИ, ТИЕ СЕ ВСУШНОСТ НАШИ ГОЛЕМИ МЕЃУНАРОДНИ УСПЕСИ, ВЕЛИ МАЛЕСКИ

0
26

ТОА ШТО МАКЕДОНСКАТА ДЕСНИЦА ГО СМЕТА ЗА ГОЛЕМИ НАЦИОНАЛНИ ПРЕДАВСТВА ОВИЕ 30 ГОДИНИ СЕ ВСУШНОСТ НАШИ ГОЛЕМИ МЕЃУНАРОДНИ УСПЕСИ, ВЕЛИ МАЛЕСКИ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ.

ПРОЧИТАЈТЕ ДЕЛ ОД ИНТЕРВЈУТО НА МАЛЕСКИ

ДВ Остварувањето на македонските надворешно-политички приоритети (НАТО и ЕУ) се одвива по цена на бројни компромиси. Колку тие може да ги еродираат темелите на македонската држава?

-Доста ни се мешаат во нашите внатрешни работи – беше борбениот восклик на заговорниците на традиционалниот суверенитет во Македонија од првиот ден на нашата независност. Бидејќи реалноста не се поклопуваше со нашите сфаќања за тоа што всушност значи суверенитет во модерниве времиња, независноста ја доживуваме и како непрекината серија на национални понижувања: од тоа како треба да го уредиме општеството дома до како да ги уредиме односите со другите држави, пред сѐ со соседите. Така, всушност, серијата меѓународни успеси на македонската политика како што се мирното раздружување од југословенската федерација и приемот во ОН со референцата, Охридскиот договор, Преспанскиот договор, Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија и почетокот на преговори за членство со ЕУ врз база на „францускиот предлог“, некои ги означуваат како серија национални понижувања. Но, наспроти се, исто онака како што војните во Југославија не ги срушија темелите на македонската држава поставени со АСНОМ, тука сме и денес, само посилни, како членка на НАТО и идна членка на ЕУ.

ДВ: Ќе успееме ли да ги пребродиме актуелните кризи?

-Досега, во моменти на криза, секогаш сме успевале, макар и во последен момент, да се освестиме. Да се надеваме дека, соочени со можноста од референдум против Договорот за пријателство со Бугарија, тоа ќе ни појде од рака и овој пат. Особено кога ќе сфатиме дека договорот за пријателство може да го замени само непријателство. И уште еден еклатантен пример како незадржливите човечки потреби на модерното живеење меѓу народите на Европа лесно ги преминуваат границите на „суверените“ држави и им пркосат на национализмите: од Бугарија очекуваме да добиваме струја за полесно да ја пребродиме зимата.