Украинските војници објавија слики од стратешки важниот град Купјанск

0
28

На социјалните мрежи се шират фотографии од украинските војници пред административниот центар на градот Купјанск.

Купјанск е град во Харковската област во источна Украина. Служи како административен центар на областа и е важен железнички центар што го користат руските сили за снабдување на војниците во Донбас.

Проруските сепаратисти пред неколку дена наредија евакуација на жените и децата од овој град.

Украинските сили зазедоа околу 2.500 квадратни километри во регионот Харков во контраофанзивата што започна на 9 септември, објави Институтот за војна.

Украинските сили би можеле да ги блокираат руските позиции околу Изум ако успеат да ги пресечат руските комуникациски линии северно и јужно од Изум, проценува Институтот.

Кремљ одбива јавно да зборува за успесите на Украина во областа Харков, но контраофанзивата најверојатно го натера рускиот претседател Владимир Путин да свика состанок со највисоките руски безбедносни и политички претставници на 9 септември, пишува ИСВ.