Хорор во Канада: Со ножеви убиле 10 и раниле 15 лица, напаѓачите во бегство

0
37

Канадската полиција во неделата соопшти дека трага по двајца осомничени за кои се верува дека избоделе 10 лица до смрт и раниле најмалку 15 лица во провинцијата Саскачеван.

Полицијата ги именуваше Демиен Сандерсон и Мајлс Сандерсон како двајца од осомничените и дека патувале со црн „Нисан Рог“.

Се верува дека убиле 10 и повредиле најмалку 15 лица во провинцијата Саскачеван. Убодите со нож биле пријавени рано утринава по локално време, а полицијата издала тревога за опасно лице низ провинцијата.

Ронда Блекмор, командант на Кралската канадска коњичка полиција Саскачеван, рече дека властите не знаат дали осомничените ги смениле возилата.

„Нивната локација и насоката на патување не се познати. Страшно е тоа што се случи во нашата провинција денес“, рече Блекмор.

Таа рече и дека полицијата се уште е во почетна фаза на истрага, дека се обидува да ја утврди врската меѓу двајцата осомничени и дали и биле познати на полицијата. Таа не можеше да го наведе мотивот за нападот.

Нападите се случија на повеќе локации, а полицијата истражува 13 локации каде се пронајдени мртви или повредени лица.