ЌЕ ОДЛУЧИМЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ КОГА ЌЕ ЈА ДОБИЕМЕ ИНИЦИЈАТИВАТА Од СДСМ реагираат, велат ВМРО-ДПМНЕ да ја научи процедурата

0
28

Пратеничката група на СДСМ како и секогаш во изминатите години ќе постапи државнички, а ставот ќе го соопшти откако иницијативата ќе се најде пред пратениците, велат од владеачката партија.

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот се тенденциозни, а иницијативата уште не е пристигната пред пратениците, реагираат од СДСМ на обвинувањата на опозицијата. Тие велат дека државнички ќе постапат и ќе одлучат во врска со иницијативата кога таа ќе се најде пред пратениците. Според владејачката СДСМ Мицкоски знае дека референдумот нема да успее и дека преку него тој си ја спасува „својата фотелја“.

„Пред да обвинува, ВМРО ДПМНЕ да ја научи процедурата.

Иницијативата не е стигната пред пратениците и оттука ваквите обвинувања се паушални, односно тенденциозни со цел ВМРО ДПМНЕ гласно да не го каже она што го знае, дека референдумот против ЕУ нема да успее“, велат од СДСМ и додаваат:

„Ова покажува дека всушност единствената цел на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е преку барањето за референдум да ја спасува својата фотелја и токму затоа секојдневно ја злоупотребува темата со паушални и неосновани обвинувања.

Пратеничката група на СДСМ како и секогаш во изминатите години ќе постапи државнички, а ставот ќе го соопшти откако иницијативата ќе се најде пред пратениците“.