Ако ВМРО-ДПМНЕ ги собере неопходните 150 000 потписи за распишување референдум, претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека ќе ги почитува деловничките процедури и ќе го стави референдумот пред пратениците.
Уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, според спикерот на Собранието, мора да се спроведат за доброто на државата, а не да се користат за партиски интереси.
Џафери во интервју за Радио Слободна Европа не дава конретен одговор дали оваа точка ќе влезе во собраниска процедура и без обезбедено двотретинско мнозинство со оглед на цврстиот став на опозицијата за ова прашање. Тој очекува разум од сите политички партии, но уверува и дека блокадата на опозицијата не влијае врз работата и функционалноста на Собранието.