НУРЕДИНИ – ЕУ НОТИРА ПРОГРЕС ВО ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

0
18
smart

Во Македонија досега се идентификувани 12 подрачја на природни живеалишта, а ќе се продолжи со идентификација на други, како дел од проектот Натура 200, меѓународната мрежа за идентификација на природни живеалишта растителни и животински видови, посочи Министерот за животна средина Насер Нуредини. Во пресрет на сезоната на загаден воздух, кажа дека ќе има зачестени контроли во претпријатијата, особено тие кои користат мазут и јаглен.

Европската унија нотира прогрес во подрачјето за заштита на природата, истакна Министерот за животната средина Насер Нуредини. Тој на промоцијата на новиот ИПА проект, унапредување на капацитетите за натура 2000 посочи дека напоредно државата работи и на правната регулатива за заштита на ваквите подрачја и видови ,согласно европското законодавсто

Согласно европските закони и норми, работиме и во насока на намалување на аерозагадувањето, дополни Нуредини. Поради кризата точно е дека големите компании ќе користат јаглен и мазут, но истите ќе бидат под строг надзор. Останатите претпријатија со Б интегрирана дозвола пак, ќе бидат контролирани со нов закон.

Се работи на промена на начинот на греење во институции, а државата посочи Нуредини, ќе продолжи со субвенционирање на граѓаните, кои ќе одлучат да се греат со еколошки грејни тела.