Османи: Македонија нема да ги признае руските референдуми во Украина

0
19

Македонија нема да ги признае резултатите од референдумите за отцепување на Украина, порача шефот на дипломатијата Османи. Според него, референдумите се манипулативни и преседан, а да си на страна на Русија значи да си против своите национални интереси.

Османи вели дека Русија го прекрши меѓународнато право и ја загрози европската безбедносна архитектура, особено малите независни држви како нашата.

– Ме чуди што на анкети гледам дека 25 посто македонски граѓани, мислат дека руската агресија во Украина е оправдана, мислејки дека ова е битка помеѓу два пола во светот а ние сме страна која што е неутрална. Ние не сме неутраслна страна, ние сме директно загрозени од рушењето на меѓународните принципи коишто не штитат. – вели Бујар Османи МНР.

Во врска со мобилизацијата во Русија, според Османи, тоа што нуклеарната војна се наметна во дневниот дискурс е опасно само по себе и дека тоа е премин на психолошката бариера и треба да биде аларм.

А воениот аналитичар Александар Радиќ од Србија за Студио 10 пак денеска кажа дека на Путин му треба перцепција во јавноста дека не е губитник, а потоа војната ќе заврши на преговарачка маса. За тоа колку е реална опасноста од нуклеарна војна тој вели дека, не треба да се се оптоваруваат луѓето со тоа, затоа што нема да се случи.

– Ако гледаме во реалноста, Русија ја загуби војната на терен во Украина. Идејата беше Киев да се заземе на почетокот и Русија да стави шепа врз Украина. Дали Русија ќе се задоволи со заземање 20 отсто од Украина, со заземање на Доњецк и Луганск, ќе видиме. – вели Александар Радиќ воен аналитичар Србија.

ЕУ засега нема донесено единствен став во однос на визниот режим кон руските граѓани, а шефот на дипломатијата порача дека Македонија се придржува до европските одлуки. За односите со руската амбасада, тој бели дека политичка комуникација и односи нема, дека немал средба со амбасадорот Баздникин, а протоколарни контракти преку службите може да има.