Пензионерите ќе добијат повисоки пензии

0
22

Повисоки пензии за 6,8 отсто ќе добијат пензионерите со исплата на септемвриската пензија чија исплата ќе започне од 29 септември.

На пример пензионер што има 12 илјади денари пензија, со покачувањето ќе добие плус 816 денари.

Зголемувањето на пензиите е согласно методологијата одобрена во март годинава.

Според новата методологија усогласувањето ќе биде 50 проценти од трошоците на живот и 50 проценти во однос на просечната плата.

Исплатата на пензиите се реализира во четири групи, според висината на пензиите. За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29 септември, ден потоа ќе се исплаќаат пензиите со висина 11.001-14.000 денари, потоа следи викенд, по што во понеделникот на 3 октомври ќе се врши исплатата за пензии со висина од 14.001-18.000 денари, а пензиите над 18 илјади денари ќе се исплаќаа на 4 октовмри, во вторник.