ПОРАДИ ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ПОТЕШКО ЌЕ СЕ ДИШЕ

0
15

Еден проблем како ќе се загрееме зимава, друг што ќе дишеме. Министерот за животна средина вели дека последниот период владините дебати се како да се набават ресурси за граѓаните да имаат струја и топлинска енергија, но за него е важно колку што може да бидат и еколошки. Тешко е да се прибира во светска енергетска криза, но Нуредини е убеден дека ќе се почитуваат елементарните стандарди.

„Како Министерство за животна средина бараме тие фосилни горива што ќе ги увеземе и ќе ги употребиме, да бидат со законски стандарди што ние ги предлагаме. Тоа значи дека ние заедно со Министерство за економија, бараме од Инспекторатот да направи тоа што е потребно и да потврди дека квалитетот на увезениот јаглен е согласно според законските стандарди, исто и за мазут и за сè друго. Таква е ситуацијата! Дали ќе биде тешка зима? За жал така е“, изјави Насер Нуредини, министер за животна средина.

Општините се веќе во долгови, а борбата со загадениот воздух и за нив ќе биде предизвик зимава, имајќи ги предвид финансиите со кои располагаат, вели градоначалникот на Општина Аеродром.

„Последен предизвик е и оваа енергетска криза каде што сме изложени на огромни трошоци од снабдувањето со електрична енергија. Општина Аеродром, во оваа буџетска година има потрошено 1,5 милиони евра повеќе за сметки за електрична енергија во делот на јавното осветлување. Болката за нас е дека треба да почнеме да инвестираме и во поефикасно јавно осветлување“, изјави Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром.

На финалниот настан на проектот за справување со загадувањето на воздухот во Скопје на УНДП во партнерство со Шведска, амбасадорката Ами Ларсон Џеин повтори дека не смееме да престанеме да зборуваме за чист воздух.

„Сега, повеќе од кога и да е, е потребно да го ставиме фокусот на аерозагадувањето и да не го изгубиме од вид во овие тешки времиња, затоа што јавното здравје треба во секое време да биде приоритет за сите кои носат одлуки“, изјави Ами Ларсон Џеин, шведска амбасадорка во Скопје.

Шведска е најголем билатерален донатор од земјите-членки на Унијата и преку проекти помага и во делот на екологијата.

Мртв