СЕ НАПЛАЌА ПАТАРИНА КАКО ЗА АВТОПАТ, А НЕ Е АВТОПАТ. ДЕЛНИЦАТА ТЕТОВО – ГОСТИВАР ВО УЖАСНА СОСТОЈБА

0
21

Без доволно заштитна ограда, со две коловозни ленти, дупки и вдлабнатите. Ваква е состојбата на Автопатот Тетово – Гостивар.Патарини плаќаме, а услуги не добиваме, реагираат возачите. Како и многу пати досега и денеска властите со ветување за решавање на проблемите со оваа сообраќајна делница.

Со децении тука се вози по дупки и вдлабнатини, а на места заштитната ограда или ја нема или е оштетена, па кучиња скитници влегуваат на автопатот, предизвикувајќи голем број сообраќајни незгоди. Не добиваме никаква услуга, како да возиме по некој локален пат, згора на тоа се уште се наплаќа патарина, се жалат возачите.

Властите секоја година со ветување за реконструкција на патот. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кажа дека годинава не започнале градежните активности, оти компанијата за надзор не ги запазила роковите

Автопатот Тетово – Гостивар е изграден и пуштен во употреба пред речиси три децении. Но, оттогаш досега, оваа делница нити еднаш не е целосно реконструирана.