Се огласи Груевски за реакциите од Бугарија: Отпорот или омразата како што тие ја нарекуваат има причина

0
14

Поранешниот премиер Никола Груевски се огласи на фејсбук во врска со скандирањата на фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Бугарија и реакциите во врска со истите. Според Груевски, отпорот и омразата кај македонските граѓани, како што ја нарекуваат Бугарите, има причина – не може само Македонците да се виновни затоа што не се чувствуваат Бугари:

Секој паметен политичар во Бугарија после четири национални катастрофи, како што нивните историчари ги нарекуваат двете балкански и двете светски војни за Бугарија во кои во сите тие Бугарија влезе заради Македонија, би се запрашале дали нешто е погрешно кај нив можеби по однос на македонското прашање и политиките на Бугарија кон Македонија. И дали истата политика кон Македонија ги носи и кон петта национална катастрофа по која трајно или на многу долг рок ќе ги загубат Македонците како близок и пријателски народ и сосед, колку и ова малтретирање да трае долго до влезот на Македонија во ЕУ?

Отпорот или омразата како што тие ја нарекуваат има причина. Неможе само Македонците да се виновни за тоа бидејќи не се чуствуваат Бугари и не мислат дека нивните предци до 1944 година буле Бугари, зборувале бугарски јазик и имале бугарска историја. Бугарија треба објективно, непристрасно и со политичари, аналитичари и историчари со “ладна глава” да го преиспита своето учество во таа причина. Колку и да е тоа политички не опортуно во моментот за политичарите кај нашиот источен сосед, тоа е стратешки важно за нив и потребно е наместо примена на сила преку механизмите на ЕУ да применат повеќе мудрост и човечност, коментира Груевски на фејсбук.