Ураганот Ијан поплави градови во Флорида и остави над два милиона луѓе без струја

0
28

Ураганот Ијан предизвика катастрофални поплави на Флорида…Населби претворени во езера, бродови по улици и над два милиони домови останаа без струја во налетот на ураганот чии ветрови достигнаа брзина од 185 километри на час.

Иако бурата е ослабна до трета јатегорија, од националниот центар за урагани и првите луѓе а сојузната држава предупредуваат дека ураганот се уште има разорна моќ.

„Опасноста се уште не е помината. Не очекуваат неколку тешки денови.“ – изјави Рон де Сантис – гувернер на Флорида.

Брод со мигранти потона во близина на траекторијата на ураганот, кај островите Кис, а крајбрежната стража на САД сè уште трага по 20 лица…речиси два милиона домови во Флорида останаа без струја, а повеќето од нив се во близина на патеката на бурата.

Во градот Наплес, во југозападна Флорида, улиците се под вода, а поројнииот дожд носеше автомобили и бродови. Во градот Форт Мајерс, пак неколку населби наликуваат на езера.

„Ова е мојот дом. Ова е се што имам. Не знам што да правам ако исчезне тоа.“ – вели Брус Хенри.

Федералната влада испрати неколку стотици амбулантни возила со медицински тимови а подготвени се и преку 3 милиони оброци за лицата кои останаа заглавени во своите домови. Во текот на денот се очекува ураганот да се придвижи кон внатрешноста на САД и да го погоди источниот бред на земјата.

Извор 24инфо