200 РЕШЕНИЈА ЗА УРИВАЊЕ НА ДИВОГРАДБИ СЕ ВО ФИОКА НА ОПШТИНА ТЕТОВО

Во Тетово и на Шар Планина стотици дивоградби, но ретко кој од овие зданија се уриваат. Поради неделување на терен, но и постојано менување на закони, инвеститорите се охрабурваат да градат, оти знаат дека на крајот објектот ќе го легализираат по многу ниска цена, велат експертите.


Општина Тетово во фиока чува над 200 решенија за уривање на дивоградби. Градоначалникот Биљал Касами, истакна дека решенијата ги затекнал од преходната власт и голем ризик е вели да се урива, нешто што веќе е изградено.

Сите решенија ќе се разгледуваат повторно и што понатака со нив ќе одлучи советот.

Дополни дека и на Попова Шапка постои можност дел од бесправните објекти да се легализираат, иако се на државно земјиште.

Постојаното менување и носење на нови закони за легализација на дивоградби, неделување на инспекциите на терен, ги охрабрува инвеститорите бесправно и понатака да градат, велат експертите.

На одредени места има повеќе нелегални зданија, од објекти изградени согласно закон.

Од Општина Тетово пред еден месец, соопштија дека администрацијата успеала да процесуира 3500 предмети за легализација. Над 2000 предмети имале некомплетна документација, но нив локалната самоуправа согласно закон, има обврска да ги чува како активни до февруари 2026 година.